Без ден од трудничко боледување, убавата водителка Јована Јоксимовиќ во април ќе го роди своето прво дете.
На прагот од осмиот месец од бременоста, Јована Јоксимовиќ одлучила до речиси самото породување да ги заврши сите обврски со позицијата водителка.
Убавата водителка на телевизијата „Пинк“ и сопруга на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ веќе испланирала да се врати на работа на есен, штом малку порасне бебето.
Таа и Жељко пред два месеца го дознаа полот на бебето, но не е изјавено кое е. Се шпекулира дека носи машкко дете, но парот не сакал да коментира на оваа информација. Инаку, тие двајца со голема возбуда се подготвуваат за пристигањето на бебето. Купиле стан до станот кој веќе го имале за да го прошират, Жељко и Јована се привремено преселени, додека работата не е завршена.