Либерти Рос, сопругата на Руперт Сандерс поднесе во судот во Лос Анџелес барање за развод, пренесува „Female first“. Посетите кај брачен советник не помогнаа да се зачува нивниот брак, а меѓусебните проблеми по аферата на режисерот со младата актерка Кристен Стјуарт се покажаа како нерешливи.
Либерти Рос бара заедничко старателство над нивните деца, што го подржа и режисерот кој воедно инсистира да ги плати половината од судските трошкови од процесот.
Аферата која Руперт Сандерс ја имаше со Кристен Стјуарт сериозно го наруши нивниот брак. На инсистирање на нивните родители двајцата неколку месеци посетуваа брачна терапија, но ниту професионалната помош не се покажа како доволна за да се зачува нивната љубов.
„Руперт и предложи на Либерти да започнат со терапија. Тој би направил се за да го спаси нивниот брак бидејќи ја сака својата сопруга и свесен е дека е виновен за уништувањето на нивниот меѓусебен однос“, изјавил извор близок на парот.
Либети и Руперт беа во брак од 2003 година.