Вчера (11 јуни) во периодот од 16 до 21 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли на подрачјето на СВР Тетово. Полицијата наведува дека контролата била во рамките на континуираните активности што ги преземаат за поголем ред и безбедност на сообраќајот,
Во акцијата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (Тетово-20 и Гостивар-22), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 33 (ТЕ-16 и ГВ-17), потоа 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) за управување без возачка дозвола и 3 (ГВ-3) со непродолжена осигурителна полиса, 1 (ТЕ) нерегистриран мотоцикл.
Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 7 (ТЕ-1 и ГВ-6) останати сообраќајни прекршоци.