Според информаците кои ги пренесуваат дел од медиумите, станува збор за извртен камион во овој дел од патот
Сообраќајна несреќа е причина што вечерва патот од Градско за Прилеп е затворен за сообраќај, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од Центарот за управување со кризи, пренесувајќи ја информацијата од АМСМ велат дека сообраќајната несреќа се случила вечерва и патот од мотел „Дреново“ кон Плетвар е затворен во двата правци од 20:20 часот.
Според информаците кои ги пренесуваат дел од медиумите, станува збор за извртен камион во овој дел од патот.
Засега нема информации за повредени лица, како и за тоа дали има и други возила кои учествувале во сообраќајната несреќа.