Sony Xperia Z2 ќе го изеде Samsung Galaxy S5

Samsung има огромна база на фанови кои традиционално се воодушевени од сите нови смартфони но, годинава се малку разочарани од Galaxy S5 што му отвора голем простор на Sony Xperia Z2 како можен нов владетел.

Проблемот со Samsung Galaxy S5 е што не се реализираа атрактивните шпекулации додека пак предноста на Sony Xperia Z2 е што е фаворит од сенка и истовремено е супер квалитетен. Двата смартфони се многу слични во повеќе категории со мали разлики, Sony Xperia Z2 има целосна водоотпорност додека пак Samsung Galaxy S5 има отпорност само од полевање со вода, но затоа пак има за нијанса побрз процесор со френкфенција од 2.5 GHz.
Сепак, одлучувачкиот фактор меѓу двата смартфона нема да биде споредбата на хардверот и додатоците во софтверот или камерата, туку добриот маркетинг и искористување на оценките на фановите кои дадоа огромна подршка за Sony Xperia Z2. Сега останува Sony Mobile да го искористи тој поволен ветар и да се потруди во дистрибуцијата да го победи Samsung Galaxy S5.
Tекстот е објавен во соработка со Telefoni.mk
- Реклама -