Sony SmartWatch2 за цена од 179 евра

Sony ќе го понуди часовникот со силиконски ремен за цена од 179 евра и часовникот со ремен од нерѓосувачки челик за цена од 199 долари.

Силиконските ременчиња во различни бои одделно ќе чинат 19 евра.

Засега се чини дека SmartWatch2 ќе биде достапен само во Европа, бидејќи Sony не го објави неговото појавување во Северна Америка.

За разлика од својот претходник, новиот уред има поголем екран од 1,6 инчи со резолуција од 220 х 176 пиксели.

SmartWatch2 поседува поддршка за NFC и BT3 и многу лесно може да се поврзе со секој Андроид уред од 4,0 па нагоре.

Кога станува збор за батеријата, Sony тврди дека SmartWatch2 може да преживее 4 дена доколку умерено се употребува, а 7 дена доколку штедливо се употребува.

Со помош на бројни апликации SmartWatch2 може да биде користен и како камера, преку него можете да ги проверите мејловите дури и кога не сте поврзани со телефонот или можете да управувате со вашите презентации.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -