Sony работи на Xperia Z5, Xperia Z5 Compact и Xperia Z5 Ultra

Фановите не останаа фасцинирани од Xperia Z4 и Xperia Z3 + и најверојатно се очекува подобар предлог од Sony.

Добрата вест е тоа што веќе се појавија нови гласини за изработка на Xperia Z5, Xperia Z5 Compact и Xperia Z5 Ultra. Согласно шпекулациите новите уреди ќе бидат претставени во Јапонија во септември.

Нема податоци за прикажување на Xperia Z5, но се тврди дека кон неговите карактеристики ќе влегува процесор Snapdragon 820 од Qualcomm, 4GB RAM, отпечатоци од скенер и батерија со капацитет од 4500 mAh. Се очекува главната камера да биде барем 21 мегапиксели со Sony Exmor RS IMX230 CMOS сензор и снимање на 4К видео. Сето ова звучи одлично, но фрустрирачки за многумина веројатно ќе биде фактот што Sony ќе го користи истиот OmniBalance дизајн.

Во април исто така, се појавија гласини дека компанијата работи на Xperia Z5, Z5 Ultra и Z5 Compact со Snapdragon 820 и 4GB RAM меморија. Според истите и трите модели треба да се со 1440 x 2560 QHD екрани, а Z5 Ultra да е со Qualcomm Ultrasonic Sense ID . Во тогашната информација се посочуваше дека паметните телефони ќе доаѓаат со целосно нов дизајн, а подоцна протече слика (подолу), за која се претпоставува дека го покажува Xperia Z5 направен од метал, со иста локација на камерата и новиот Type- C USB порт.

dume

Имајте на ум дека не можеме да ја гарантираме точноста на информациите, па прифатете ја со доза недоверба. Гласините прокажуваат различни карактеристики, па ќе мора да почекаме за да видиме какви се плановите на Sony за оваа есен.

- Реклама -