Sony официјално најави три нови филма во универзумот на Спајдермен

Веројатно веќе предпоставувате дека првиот од овие филмови е The Amazing Spider-Man 3, а гласините кои кружеа за спин-оф филмови за Venom и The Sinister Six сега се потврдени.

Приказната во сите филмови ќе биде поврзана на сличен начин како во Avengers, а веројатно прв ќе се појави The Amazing Spider-Man 3 кој би требало да има премиера на 10-ти јуни 2016. Марк Веб кој ги режираше првите два филма од кои вториот се уште не е излезен веројатно ќе биде режисер и на третиот, но официјален договор за тоа се уште не е потпишан.

Алекс Кузман ќе го режира и напише сценариото за Venom, a режисерот на The Cabin in the Woods, Дру Годарт ќе го напише сценариото и веројатно ќе биде режисер на филмот за групата од супер негативци од Marvel, The Sinister Six.

Подобар увид во тоа како ќе се одвиваат приказните можеби ќе добиеме откако ќе се појави he Amazing Spider-Man 2 во Март 2014.

[youtube]nbp3Ra3Yp74[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -