Јапонскиот гигант за електронски уреди Sony, на своите верни потрошувачи реши да им ја честита новата 1978 година, со тоа што најави нов Walkman, овојпат со оперативен систем Android 4.0.
Она што некогаш направи револуција во светот на музиката, преносниот касетофон на батерии и за што сметавме дека е одамна закопано во минатото, очигледно реши да воскресне. Во денови кога имаме mp3 плеери во телефоните, таблет-компјутерите, а веројатно и во некои запалки, Sony решаваат да понудат две варијанти на „модерниот вокмен“:
Првиот модел е серија F800, кој работи на Андроид и чини само 13.000 денари. Вториот модел е серијата Е470, чиј маркетинг пристап е – најтенкиот модел на Walkman во историјата (7 милиметри) и ќе чини приближно 4.000 денари.
Чудесните уреди што имаат логика само во собите за состаноци на Sony ќе се појават на пазарот во август и тогаш ќе можеме да направиме подобра проценка колку всушност е лоша оваа идеја. [Sony Announces New Line of Walkman Players with Android 4.0]