Sony i1 Honami ќе има и Mini верзија

Курозуми Јоширо еден од директорите на Sony откри дека компанијата планира да лансира и Mini верзија на најавениот камера смартфон Sony i1 Honami кој ќе дебитира официјално на 4-ти септември.

1

Причината за мини верзијата на Sony i1 Honami според Јоширо е што купувачите се интересираат за различни големи на екранот, па затоа ќе има понуда на смартфони од 4 и 5 инчи. Единствен смартфон кој отскокнува од оваа понуда е токму фаблетот Sony i1 Honami кој ќе има огромен екран со големина од 6.4 инчи.

2

Mini верзијата на Sony i1 Honami ќе ги содржи истите компоненти како и целосната верзија, што значи дека ќе биде употребена новата 20 мегапикселна камера, како и поиздржлива батерија и побрз процесор од серијата Qualcomm Snapdragon 800, но сето тоа сместено во помало тело со помал екран од 6 инчи.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -