Смартфонот на Sony, Xperia Z, беше еден од изненадувачките хитови за 2013 и очигледно дека компанијата ќе проба да го задржи својот силен интензитет лансирајќи уште еден Xperia смартфон во почетокот на следниот месец.
Анонимни извори за Bloomberg тврдат дека Sony ќе го претстави својот следен уред на 4ти септември, непосредно пред IFA Consumer Electronics Show во Германија кое што започнува на 6ти септември.
Изворите на Bloomberg велат дека новиот уред ќе има ист вид на “технологија за слики развиена за своите камери и ултра-висока дефиниција телевизори“ со користење на X-Reality чипови за подобрување на сликите развиени за Bravia телевизори и сензори за своите Cyber-shot камери. Претходни гласини тврдеа дека најновиот смартфон на Sony ќе има 5-инчен full HD дисплеј, 2.3GHz quad-core Snapdragon 800 процесор, 2GB RAM меморија, microSD слот и 20-мегапикселна камера.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk