Во следните неколку децении се очекува слабеење на соларната активност на Сонцето, што пак би можело да доведе до поостри зими на делови од планетата.
Во последните неколку децении, Сонцето е во период на висока активност, но тим од британски и американски научници веруваат дека постои веројатност од 20% дека Сонцето ќе влезе во период на послаба активност во наредните 40 години, период познат како „голем соларен минимум“.
Сонцето било во слична (слаба) фаза и во периодот од 1645-тата до 1715-тата година, период познат како Маундер минимум. И тогаш, намалувањето на активноста на Сонцето имала само мало влијание врз глобалната клима на Земјата, но влијаело на многу студени зими во Европа.
Ефектот од ладењето најмногу би се почувствувал во Северна Европа и Источна Америка, бидејќи намалувањето на ултравиолетова соларна енергија на врвот на стратосферата ќе предизвика ланчена реакција која ќе ја погоди Северноатлантската осцилација – климатски феномен кој има клучно влијание на зимското време на двете страни на Атлантикот.