Денеска е понеделник, 17 јуни 2024 година, 169-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 197 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 14 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 16 до 30 степени.
Од утре до петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов топол бран и времето ќе биде стабилно и многу топло. Максималната дневна температура ќе се искачи над 30-тиот степен.