Сончев град на Водно

vodnoskopje_ppДеновиве владата со јавно наддавање ќе продава градежното земјиште во
Сопиште на јужната страна на Водно, каде што е предвидено да се гради
Сончев град. Се налага населбата да биде готова за 4 години.

vodnoskopje

 

Деновиве владата со јавно наддавање ќе продава градежното земјиште во
Сопиште на јужната страна на Водно, каде што е предвидено да се гради
Сончев град. Се налага населбата да биде готова за 4 години.

На продажба се 603 градежни парцели за домување, со површина од 560.000 квадратни метри, 11 парцели за терасести структури за домување со површина од 50.000 квадрати и две градежни парцели за спортски терени.

Конкурсот е објавен во домашните печатени медиуми и во весникот „Фајненшл тајмс“. Инвеститорот ќе има обврска да изгради улици, јавно осветление, водовод, гасовод, атмосферска и фекална канализација, како и сончеви колектори.

Почетна цена на јавното наддавање изнесува 250 денари за квадрат.

 

виа.

 

- Реклама -