Знаеме дека има замрзната вода на Месечината, и сигурни сме дека има уште многу вода на други места во нашиот сончев систем. Се чини дека водата најверојатно била распространета од Сонцето.
Тоа е заклучокот на нова студија на истражувачи од Универзитетот од Мичиген, Универзитетот од Тенеси и Институтот за Технологија од Калифорнија. Знаеме за вода и сродни соединенија најдени во кратери на Месечината и во целиот месечев реголит, и иако наједноставно и најбрзо објаснувње е дека водата е остаток од удари на комети , главниот придонес најверојатно е од друг извор.
Постои теорија стара неколку децении која налага дека Сонцето испушта јонизирани атоми на водород кои би се споиле со кислородот кој веќе бил присутен на Месечината од вода и слични соединенија познати како хидроксили, кои се составени од еден атом на кислород и еден атом на водород.
Оваа хипотеза со соларен ветер е интересна идеја бидејќи значи дека процесот на создавање вода не би бил уникатен само за Месечината – секоја локација со пристојно присуство на кислород би можела да создаде вода со овој метод. Спектроскопската анализи на примероците собрани од Аполо мисиите се значителен доказ за подржување на теоријата со соларен ветар – примероците содржат големи количини хидроксили. [Direct measurement of hydroxyl in the lunar regolith and the origin of lunar surface water]