Сон на секое дете: Mercedes отвори автосалон за најмалите (ВИДЕО)

Aко случајно одите во трговскиот центар „King of Prussia Mall“ во Пенсилванија, САД, не ги носете децата. Mercedes има отворено детски автосалон, што автоматски значи дека или ќе морате да им купите Мерцедес, или ќе имате сериозни тешкотии да ги изнесете од таму.

Нема збор, се работи за продавница која е сон на секое дете кое барем малку ги сака автомобилите. Автосалонот е наречен „Lil Benz Dealership“ („мал Бенз“), а нуди широк асортиман од модели, како што тоа е случај и во продавниците за големите, се разбира. Меѓу моделите ќе најдете CLA 45 AMG, SLS AMG, теренецот од G класа и др.

Секое мало човече што ќе се пријави за пробно возење ќе добие боенка и корисничко упатство за автомобилот по избор, а ќе му биде издадена и специјална детска возачка дозвола. Затоа и ве предупредивме, освен ако планирате таму да ги оставите со денови, децата подобро ич не ги носете.

- Реклама -