Сè помалку спиете, а сè повеќе работите? Сметате дека времето потрошено за спиење е изгубено време и дека го немате тој луксуз времето да го трошите на спиење? Казната за ваквото размислување ќе ја добиете кога ќе се качите на вага…
Научници од Бостон направиле истражување со цел да ја потврдат или отфрлат тезата дека спиењето влијае врз телесната тежина. Тие спровеле истражување врз повеќе од 20 доброволци кои ги следеле шест месеци. Нивното спиење го намалувале почнувајќи од 9 часа па сè до 5 часа. Резултатите биле категорично јасни. Што помалку спиете повеќе се дебелеете. Но, зошто?
Научниците го објаснуваат ова на едноставен начин. Што помалку спиете имате помалку енергија во текот на денот, а со тоа метаболичките функции се забавени бидејќи не можат да ги метаболизираат правилно хранливите материи. Поради ова телото е склоно кон таложење на масти, што директно влијае врз телесната тежина.
Најмалку 5 часа спиење му се потребни на организамот за да може да функционира, но 7 часа за да може да ги извршува правилно сите метаболички функции и со нормална брзина. Освен ова истражување и низа други истражувања потврдуваат дека спиењето влијае врз телесната тежина. Затоа, имајте го ова на ум доколку сакате да одржувате нормална линија и да спречите дебелеење.
Само за потсетување, дебелите луѓе се многу посклони кон разни заболувања за разлика од слабите, што треба да е доволен мотив да преземете некои чекори за решавање на овој проблем, вклучувајќи го и редовното и доволно спиење.
Објавено во соработка со За Здравје.