Солвео е платформа која преку натпревари, менторство и вмрежување ги поврзува студентите со локалните компании. Заедно со компаниите наоѓаме можности за развој или проблем со кој се соочуваат (на пр. развој на нов производ, нови пазари, подобрување на внатрешна комуникација итн).
Основен елемент на заедницата е концептот на отворени иновации и колаборација помеѓу студентите и компаниите. Со тоа студентите се здобиваат со знаења и вештини кои се и ќе бидат релевантни. А компаниите добиваат пристапност до иновативни решенија на нивните проблеми.
ОТВОРЕН НАТПРЕВАР
НАГРАДА 25.000 ден за победничкиот тим
Краен рок за аплицирање 18.04.
Интереси: Е-бизнис, Менаџмент, Маркетинг, Комуникации, Дизајн, Веб Девелопмент, Психологија
Го претставуваме новиот проект на Солвео во соработка со Магнетик Групацијата, каде заедно со студентите ќе работиме на подобрување на потрошувачкото искуство во брендовите за брза мода (Motivi, Oltre, Tally Weijl) во Македонија.
Поради брзиот развој на пазарот, и драстичниот раст на бројот на продажни салони за облека во Скопје, брендовите за брза мода Motivi, Oltre, Tally Weijl се соочуваат со голем проблем при истакнување на пазарот. Целта на овој проект е да се пронајдат начини како да се задржат старите, и да се стекнат нови лојални купувачи преку подобрување на потрошувачкото искуство. Што треба да направиме за да ги ангажираме и анимираме нашите потрошувачи за да ги задржиме како лојални?
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?
Истражување и предлог стратегија!
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Само пополнете ја апликацијата онлајн на линкот подолу и бидете подготвени за предизвик!
http://www.solveo.co/
Дознајте повеќе на нашата веб страна и социјални мрежи