Пикантен оброк што ќе ги воодушеви сите љубители на тестенините.
Состојки:
200 гр. канелони
500 гр. спанаќ
2 чешниња лук
50 гр. путер
300 гр. рикота
1 лажица вегета
200 гр. моцарела
4 лажици рендан пармезан
300 гр. павлака
Подготовка:
На загреаниот путер пропржете го ситно исецканиот лук, вегетата и обарениот спанаќ, па мешајте се додека спанаќот не се пропржи, а на крај додадете ја рикотата и промешајте.
Во стаклен сад ставете ја павлаката, па канелоните кои претходно сте ги наполниле со фил, па прелијте ги со малку кечап, со моцарелата и пармезанот.
Печете во загреана рерна на температура од 200 степени околу 40 минути. На здравје!