Солена торта со шунка

Оваа пита се подготвува брзо и не ви се потребни многу состојки.
Состојки:

6 јајца

6 лажици брашно

100 г. ситно сецкана шунка или салама

½ лажички сол

2-3 тврдо варени јајца

малку изгмечена сардина

Подготовка:

1. Изматете цврст снег од белки, па измешајте една по една жолчка и лажица по лажица брашно.

2. Додадете сол, исецкана шунка, исецкани варени јајца и сардина и сето тоа лесно промешајте го.

3. Сипете во подмачкана тепсија и печете умерено на загреана рерна на 220 степени 35-40 минути, додека тестото не зарумени и не започне да се одвојува од тепсијата.

4. Печената торта оладете ја, исечете ја на парчиња и послужете ја.

- Реклама -