Масивна соларна ерупција ги попречила радио комуникациите

СонцеСпоред NASA, моќна соларна ерупција која веќе ги нарушила радио комуникациите во Кина би можела да има негативен ефект врз сателитите и електричните мрежи на Земјата во наредните неколку дена.

Огромната сончева дамка, која според астрономите има големина колку Јупитер, е најсилната сончева ерупција во последните четири години. Ерупцијата, од Х-класа, се случила во вторникот во 2 часот и 56 минути наутро. Од NASA изјавиле: „Ерупции од Х-класа се најмоќните и можат да предизвикаат прекини во радио комуникациите и долготрајни радијациски бури кои би ги нарушли телекомуникациските и електричните мрежи.“
 
Обсерваторијата за Соларна Динамика на NASA забележала големо исфрлање на коронална маса која се поврзува со ерупцијата која се движи кон Земјата со брзина од околу 901 километар во секунда. Честичките на наелектризираната плазма требаше да стигнат во орбитата во 4 часот наутро во четврток. Ерупцијата започнала од Активниот Регион 1158 во јужната хемисфера на сонцето, која до сега заостануваше зад северната хемисфера со ваквата активност.

Оваа ерупција се случила по неколку помали ерупции во последните неколку дена. „Три ерупции се движат кон нас, сите се дел од прекинот на радио врските на 13, 14 и 15 февруари. Последната изгледа како најголемата и би можела да ги стигне претходните две околу 17 февруари.“ Геомагнетните бури обично траат 24 до 48 часа, „но некои можат да траат и повеќе денови“.

„Комуникациите со авионите, бродовите, кратките радиобранови и аматерските радија се најранливи за време на геомангнетни бури. Навигационите системи како GPS исто така би можеле да претрпат несакани последици.“ Кинеската Метеоролошка Администрација изјавила дека соларната ерупција ги попречила краткобрановите радио комуникации во јужна Кина. Тие објасниле дека ерупцијата предизвикала „ненадејни пречки во јоносферата“ во атмосферата над Кина, и предупредиле дека има голема веројатност дека голема соларна ерупција ќе ја погоди Земјата во наредните три дена. [Huge solar flare jams radio, satellite signals: NASA]

- Реклама -