Сокри плазма ТВ под здолништето и си замина од продавницата

Една жена од градот Гуапилес, Во Костарика, украла плазма телевизор така што го ставила под здолништето и си заминала од продавницата.

Полицијата била вчудоневидена од брзината и начинот на кој непознатата жена успеала ова вешто да го изведе, пишува „Huffington Post“.

Иако видеото е дури сега објавено, настанот се случил пред два месеци, а идентитетот на двете жени е се уште неидентификуван.

Надлежните претставуваат дека станува збор за лица кои имаат богато искуство со вакви кражби, или пак за некои кои долго време ја планирале оваа акција со оглед на фактот што севкупно им биле потребни само 13 секунди.

- Реклама -