Сок од марихуана

sok-marihuanaФакт е дека конзумираме многу прозиводи без да ги знаеме нивните состојки, но во еден нов газиран сок има состојка за која речиси сите сме чуле: марихуаната. Производителите на овој сок се надеваат дека јавноста пријатно ќе го прифати, но и целта им е да ги разбијат митовите за марихуаната.

Факт е дека конзумираме многу прозиводи без да ги знаеме нивните состојки, но во еден нов газиран сок има состојка за која речиси сите сме чуле: марихуаната. Производителите на овој сок се надеваат дека јавноста пријатно ќе го прифати, но и целта им е да ги разбијат митовите за марихуаната.

6a00d8341bf67c53ef0133f5338639970b-800wi

Една компанија за сокови од Колорадо разви нова серија на сокови кои имаат необична состојка: марихуана. Компанијата Dixie Elixirs овие пијалоци ги направи достапни на сите кои имаат рецепт за медицинска марихуана. Соковите се достапни во 8 различни вкусови, вклучувајќи розова лимонада, пиво и грозје. Но, ако компанјата навистина сака овие пијалаци да стигнат до рацете на љубителите на марихуаната, тогаш треба да направат и со вкус на начо и пица.

Но, марихуаната е дозволена за конзумирање во само 14 од 50 држави во САД и тоа со рецепт од доктор. Па, освен на половината милион пациенти на кои марихуаната им е вклучена во терапијата, овој сок нема многу да им значи на останатите. Отворена тајна е дека можете да пушите марихуана и сепак да бидете важен дел од општеството. Дури двајца американски претседатели признале дека ја конзумирале истата.

Производителите на овој пијалак велат дека една од причините за ова е да го разбијат „лудилото“ кое се поврзува со пушачите на марихуана. Ако гласачите во Калифорнија ја изгласаат рекреативната марихуана за легална овој ноември, тогаш тие овој сок ќе можат да го најдат во рафтовите на продавниците, веднаш до Пепси и Кока Кола.

Во време кога газираните сокови послабо се продаваат, нивните произведители бараат нешто што би ја подобрило продажбата: марихуаната можеби е одговорот. Рекламата за медицинска марихуана во еден мал весник во Колорадо им го зголеми приходот доволно за да вработат повеќе персонал. Ако успева за весниците, зашто да не и за пијалоците? [Marijuana Soda Provides a High Without the Smoke]
- Реклама -