Од следната недела се најавуваат температури до 38 степени, а според инфектологот Вело Марковски, факт е дека сонцето и високиот индекс на УВ-зраци ги уништуват вирусите и во текот на летниот период вирусните инфекции се намалуваат.
Таква е состојбата со коронавирусот, вели тој за порталот „Фактор“, во топлите земји како Катар и Саудиска Арабија. Сепак, Марковски признава дека во Македонија гледаме поинаква слика, која, според него, е резултат на групирањето и собирањето на граѓаните. Целосната изјава прочитајте ја ТУКА.