Социјалните мрежи на работно место? Зошто да не!

facebook_at_workДоколку во вашата компанија е забрането користењето на популарните социјални мрежи, можеби би требало да го смените таквиот режим. Еве четири причини зошто компаниите не треба да го забрануваат користењето на социјалните мрежи на работа.


facebook_at_work
Доколку во вашата компанија е забрането користењето на популарните социјални мрежи, можеби би требало да го смените таквиот режим. Еве четири причини зошто компаниите не треба да го забрануваат користењето на социјалните мрежи на работа.

1. Го јакнат духот
На секој му е потребно малку да го одмори мозокот од работата, а доколку тоа го прави на Фејсбук или на Твитер, тоа не е ништо поразлично од сурфањето на интернет и читањето на мејловите. Доколку социјалните сајтови се забранети, вашите вработени секако ќе најдат друг начин да најдат одишка од работата, дали тоа ќе биде на Интернет или преку 20 паузи за кафе. Дозволете им на вашите вработени малку слобода за да си ги оптегнат нозете и да уживаат во малку приватно време на работа – тоа ќе ги направи посреќни и порасположени за работните задачи подоцна.

2. Се стекнува знаење за социјалните медиуми
Социјалните медиуми денес се одлично место за маркетинг и промоција. Затоа нема подобар начин да се изгради свесноста за важноста на маркетингот на социјалните медиуми одошто да се охрабри тоа да се искуси од прва рака. Зошто да го забраните користењето на социјалните медуми на работа, а ангажирате некоја трета личност да се грижи за вашата промоција и маркетинг на нив, кога некој од вашите вработени може да биде од помош со сопственото искуство во оваа област. Можеби некој од вашите вработени е навистина пасиониран корисник на социјалните мрежи и е доволно искусен за да му биде познато како да ја промовира вашата компанија онлајн. Затоа, не треба да ги ограничувате овие луѓе, наместо тоа подобро е да ги охрабрувате да користат различни веб страници и мрежи и да побарате од нив да ве апдејтуваат за новите веб страници кои ги откриле и сл.

3. Социјалните медиуми можат да бидат од помош при решавање на проблемите поврзани со работата
Не е необично да се зборува за некој проблем и да се бара одговор на некое прашање на Твитер, платформата за микроблогирање или на LinkedIn. Може да се добијат голем број одговори или потенцијални решенија од заедницата на следбеници на Твитер, на пр. Проблемот така е на увид на поголема мрежа од луѓе и така може да биде полесно преку искуства и нови сознанија да се донесе решение. Социјалните мрежи понекогаш знаат да бидат корисна алатка за решавање на проблеми.

4. Може да биде одличен маркетинг за компанијата
Доколку сте шеф на некоја компанија би сакале вашите вработени да го споделуваат задоволството што работат за вас – тоа е одлично за репутацијата на вашата компанија.

Нормално, постои и негативна страна од тоа да им се дозволи на вработените да имаат целосен пристап до социјалните мрежи на работа. Понекогаш вработените ќе се пожалат на Фејсбук за нивната работна задача или некогаш ќе кажат и некоја негативна критика за клиентите или муштериите. Овој вид на однесување е навистина непрофесионален и не е добар ниту за угледот на компанијата, ниту за вработениот. Меѓутоа, со развивање на свеста за јавната природа на таквите изјави и со мал тренинг за користење на социјалните мрежи на професионален начин, ваквите инциденти можат да бидат спречени. Јасно објаснете им ја полисата за користење на социјалните мрежи на работното место на вашите вработени и дека при тоа треба да бидат професионални, внимателни и да не го валкаат угледот на компанијата која ги вработила.

Обично вработените имаат доволно здав разум за да знаат што е прифатливо,а што е непристојно, а случајно доколку дојде до некој таков инцидент (нормално се случува понешто и да се слизне) треба вработениот пријателски да се потстети на полисата на компанијата. Од друга страна, доколку имате вработен кој постојано се жали во врска со својата работа или колегите и прави незгодни коментари кои можат негативно да се рефлектираат врз компанијата, треба да размислите дали навистина сакате таква личност во вашата компанија, наместо да ги блокирате социјалните мрежи (на крај, лесно е истите тие работи да ги прави и од домашниот компјутер).

- Реклама -