Socialnumbers: Статистика за социјалните медиуми во Македонија

Socialnumbers: Статистика за социјалните медиуми во МакедонијаДоколку вашата работа ги опфаќа социјалните медиуми или пак сте љубопитни да дознаете кои се најголемите, најактивните и најбрзо растечките Facebook страници во Македонија, тогаш Socialnumbers ќе биде од голема корист за вас. На оваа веб-страница можете да ги следите најдобрите Facebook брендови според дневен, неделен и вкупен раст на бројот на фанови, како и квалитетот на интеракција помеѓу фановите (FIR).

Целта на Socialnumbers е луѓето кои ги менаџираат овие страници да добијат повеќе информации за својот бренд, како и нови идеи за подобрување на своето работење.

Според socialnumbers.com, водечки Фејсбук страници во Македонија во моментов се Unique и T-Mobile MKD, најголем неделен раст имаат Porsche и Bimilk, додека најдобрите статуси се оние на Dormeo. Фејсбук е единствениот социјален медиум за кој е прикажана статистика, но се надеваме дека во иднина сајтот ќе имплементира и локални податоци за Twitter, foursquare и сл.

Socialnumbers во Македонија го претстави Nova Solutions, во соработка со компанијата iSTUDIO од Хрватска. [Socialnumbers]

- Реклама -