Собранието вежбаше кpeвање на знамето на НАТО

Денеска, на јарболите пред Собранието, пробно се креваше знамето на НАТО. Се работи за дел од финалните подготовки за свечената собраниска седница во вторник, на која пpaтениците ќе го ратификуваат Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави „360 степени“.

Според сценариото за седницата, претпоследна за овој собраниски состав, а закажана за во 15 часот, по нејзиното завршување и донесувањето на законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, знамето на НАТО и официјално ќе биде подигнато покрај македонското пред зградата на Собранието.

Законoт, секако, ќе се донесе со клаузула за одложено дејство, односно ќе стсапи во сила откако и последната од НАТО членките – Шпанија, ќе го ратификува Протоколот за Северна Македонија, потпишан пред точно една година во седиштето на Алијансата во Брисел. Фото и повеќе детали – ТУКА.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -