Собата во која ги тестираат сателитите

where-satellites-get-tested-esa-netherlands[1]

Тоа што го гледате на сликава е неверојатната соба за тестирање на сателити во Нурдвијк (Noordwijk), Холандија, позната и како Compact Payload Test Range во техничкиот центар ESTEC на Европската вселенска агенција (ESA). На својот блог, ESA објаснува:

Во оваа зона на тишината се тестираат сателитските антени пред да бидат лансирани. Металните ѕидови формираат „Фарадеев кафез“ и ги блокираат сите надворешни сигнали, изолирајќи го објектот од ТВ и радио преносите, радарите на авионите и бродовите, па дури и мобилните повици. Шилестата обвивка од пена внатрешно ги апсорбира радио сигналите и со тоа ги симулира условите во бескрајниот празен простор на вселената.

Белите површини пред „неехоичната“ сина позадина се рефлектори кои пропуштаат сигнали од осветлувачката антена до антената што се тестира…

Од неодамна, со цел подобрување на можностите, Compact Payload Test Range (CPTR) тест собата е опремена и со Near-Field скенер (NFS), кој ги мери електромагнетните полиња кои одблизу ја опкружуваат тест антената. Преку математика, може да се пресмета еквивалентот на радијација на големи далечини.

- Реклама -