Со зборување за легитимитет, ДУИ се обидува да го прикрие своето коруптивно минато – велат од „Вреди“

Во соопштението по повод денот на одбележување на Охридскиот рамковен договор, коалицијата „Вреди“ ја обвини опозициската ДУИ за арогантност оти со паралелниот настан што го организирале се обиделе да го поделат албанскиот народ

Дваесет и тригодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на вооружениот конфликт, ја доби својата вистинска и институционална форма, велат од коалицијата „Вреди“. Овој историски момент кој, како што велат, претставува најголемо достигнување на албанскиот народ во Македонија, конечно е ослободен од канџите на поединци кои со години го користеле за богатење и остварување на лични желби.

„Со доаѓањето на коалицијата ВЛЕН на власт, повеќе нема ‘Арберија дизајн’ за организирање на Охридскиот рамковен договор за стотици илјади евра, повеќе нема лични желби, веселби и несериозност со единствена цел – збогатување, заврши времето на неодговорност“,

се вели во соопштението.

Оттаму велат и дека ДУИ со политичката ароганција сè уште мисли дека може да присвои секое достигнување на албанскиот народ и дека со вчерашната паралелна прослава партијата на Ахмети постапил спротивно на повиците на „Вреди“ да не се дели народот за настан кој треба да обединува

„Тие секогаш кога зборуваат за Охридскиот договор и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, треба да се разбере дека е обид да се оттргне вниманието од нивните корупциски скандали и одговорноста за нивниот 22-годишен режим. Тие се обидуваат да ја прикријат својата минато преполна со корупција, криминал и лошо управување“,

велат од „Вреди“.

Со доаѓањето на коалицијата „Вреди“ на власт заврши ароганцијата на власта кон народот. Времето на презир и присвојување на достигнувањата на албанскиот народ од оние што ги искористија за свои интереси заврши засекогаш, велат од коалицијата.

- Реклама -