Со техника на контрапожар во битката со огнената стихија во Светиниколско

Еден од најтешките за гаснење е пожарот кој започна во понеделникот кај селото Орел, вели Ангелов. Таму во текот на денот се делува со еден армиски и еден српски хеликоптер. Огнот се движи кон старите и напуштени села, а од страна локалното население се изработени т.н. противпожарни појаси, односно појаси кои би требало да го спречат огнот да не премине кон селата.

Со техника на палење т.н. контрапожар се прави обид да се спречи огнот да го зафати селото Патетино, на границата меѓу Свети Николе и Пробиштип. Како што информира попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ветерот го отежнува гаснењето на огнот.

„Се обидуваме со контрапожар, палејќи ја тревата над појасот да го изгориме за да не може огнот кој доаѓа кон селото да префати. Температурата е многу висока, има многу чад. Ова е старо село со само неколку жители“.

вели Ангелов.

Фото: ЦУК

Од дваесет пожари на отворено во текот на денот, се уште активни се десет. Еден од најтешките за гаснење е пожарот кој започна во понеделникот кај селото Орел, вели тој. Таму во текот на денот се делува со еден армиски и еден српски хеликоптер. Огнот се движи кон старите и напуштени села, а од страна локалното население се изработени т.н. противпожарни појаси, односно појаси кои би требало да го спречат огнот да не премине кон селата.

Тој апелираше за време на продолжениот викенд граѓаните да се особено внимателни ако ги посетуват викед-населбите и планинските села.

Фото: ЦУК

Ангелов информира и дека се очекува да пристигне на помош хеликоптер од Словенија, два ер трактори од Шведска, два ер трактори од Германија и тим од Унгарија – 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила. Преку ЕУ механизмот на цивилна заштита веќе делуваат по еден хеликоптер од Србија и Чешка, соопшти ЦУК.

- Реклама -