Имајќи предвид дека сексот има повеќекратно дејство на човековото здравје, денес најмногу ни треба како „лек“ против грипот.
Деновиве расте бројот на заболени од грип, а епидемиолозите велат дека најголема актвиност на вирусот се очекува во следните денови.
Освен земањето витамини, лекарите велат дека против грипот помага и љубовта. И прегратките со саканата личност се доволни да нѐ опуштат и да го намалат нивото на стрес, со оглед на тоа дека при прегрнувањето се активира хормонот за смирување – окситоцин.
Утринските бакнежи, исто така, имаат лековито дејство, даваат чувство на сигурност кое на сите ни е потребно за полесно да ги пребродиме дневните обврски што нѐ чекаат.
И на крајот, по прегратките и бакнувањето, доаѓаме до сексот. Ако два пати неделно водите љубов, ќе го зајакнете имунитетот.
Двојките кои имаат богат сексуален живот се поздрави и имаат помали шанси за настинка.
Сексот, исто така, овозможува подобар сон, што е многу важно за имунитетот и општата добра состојба на духот и телото.