Со проекција на култниот филм „Црно семе“, синоќа во Струмица и официјално заврши 19-тото издание на „Астерфест“, едно од најуспешните досега.
Стручното жири ги награди најдобрите автори и филмови. Авторите, гостите и публиката уживаа во петдневното славење на филмската уметност, од 1 до 5 август, под мотото „Кинореалност ’24“. Подготовките за јубилејната 20 та фестивалска сезона се веќе започнати. Фестивалот е вмрежен во меѓународните асоцијации и платформи.