Не дека има нешто погрешно во заматените коцки мраз, ама ако гостите ги послужите со кристално проѕирни, тоа е знак на вистински стил и мајсторство во кујната.
Па, тајната е да ги направите со зовриена вода. На About.com, хемичарката Ан Хелменстајн објаснува дека чистиот мраз е формиран од чиста вода која не содржи растворени гасови. Кристално чистите коцки мраз обично се прават од дестилирана или од вода прочистена преку реверзна осмоза. Сепак, можете и да ги направите од вода од чешма, со тоа што водата мора да е зовриена.
Хелменстајн препорачува да ја превриете водата два пати. Потоа оставете ја малку да се подолади, па сипете ја во калапот за правење мраз.
Имајте во предвид дека на проѕирноста (или матноста) влијае и експанзијата на мразот при замрзнувањето. Замрзнувањето одвнатре кон нанадвор предизвиквуа стрес и пукнатини во надворешниот слој на мразот (при мрзнењето на водата од внатрешноста, мразот нема доволно простор за да се шири). Овој проблем може да се реши со тоа што водата ќе замрзнува во еден правец. Тоа може да се постигне со ладилник без капак.