Најмалку 16 лица загинаа по фрлен “Молотов коктел” во ресторан во Каиро.
Најмалку 16 лица загинаа, а петмина се повредени откако маскирани мажи фрлиле “молотови коктели” во ресторан во регионот Агуза во Каиро, предизвикувајќи на тој начин голем пожар.
Сите жртви се членови на персоналот на ресторанот. Тројцата напаѓачи, кои го спровеле нападот, го напуштиле местото на злосторството веднаш. Поранешен вработен е осомничен за поврзаност со нападот. Пожарот е ставен под контрола.