Со Google Maps најдете хотелско сместување

Лансирана е нова надградба на одличната апликација Google Maps која сега ќе вклучува и посебно пребарување на хотели, што е одличен додаток за тие што често патуваат за побрзо наоѓање на сместување.

Освен додавањето на посебна категорија за пребарување на хотели, во надградбата се вклучени и повеќе подобрувања. Едно од нив е побрз преглед на внесената рута со совети за сообраќајот и повеќе корисни информации.

google-maps-update

Доколку поседувате Android смартфон или таблет досега сигурно веќе ја имате инсталирано апликацијата Google Maps, па сега може да ја симнете надградбата од Google Play Store, а доколку имате наместено автоматски да ви стигаат надградбите сигурно ќе ја добиете многу скоро.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk.

- Реклама -