Фејсбук им овозможи на своите корисници да ги превземат сите албуми со фотографии кои некогаш ги објавиле на страниците на популарната мрежа, а за нивното превземање потребни се само неколку секунди.
Неопходно е да го отворите посакуваниот албум со фотографии и да кликнете на иконката која се наоѓа во горниот десен агол.
Откако корисникот ќе кликне на “Download album” и ќе ја потврди својата одлука неопходно е да почека некое време за превземањето на албумот.
Обично тој процес трае неколку секунди, а откако албумот ќе биде подготвен за превземање, корисникот ќе добие нотификација на која е потребно да се кликне за да започне со симнувањето на албумот.