Со дебитантскиот гол на Серафимов, Македонија ја совлада Летонија и оди скалило погоре во Лигата на нации

Моментот за радост за македонската селекција дојде во 57. минута кога Серафимов одлично реагираше и го постигна својот прв гол за репрезентацијата кој беше доволен да ја запишеме и четвртата победа по ред без примен гол во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со 1-0 беше подобра од репрезентацијата на Летонија и се пласираше ранг погоре во Б-девизијата во Лигата на нации.  

Македонските репрезентативци го прославуваат голот на Серафимов / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Стрелец на победничкиот гол, со кој најдобриот македонски фудбалски состав ја израдуваа публиката на арената „Тодор Проески“ во Скопје, беше фудбалерот од дефанзивните редови, Никола Серафимов.  

Тој му го донесе четвртиот по ред триумф на нашиот состав, кој останува без примен гол во досегашните натпревари.  

Во првото полувреме македонскиот состав тешко доаѓаше до шанса пред голот на Летонија, додека противникот пропушти две добри можности да поведе, но за среќа и двата удари завршија крај голот на Столе Димитриевски.  

Дополнителен проблем за нашата репрезентација беше и повредата на Елиф Елмас, кој во 24. минута мораше да го напушти натпреварот.  

Инаку, најдобрата шанса за гол во првото полувреме ја имавме во самиот финиш, кога Александра Трајковски добро го проигра Исник Алими, чиј удар противничкиот голман успеа да го одбрани и да ја исфрли топката во корнер.  

Вторите 45 минути од натпреварот македонските репрезентативци ги започнаа посамоуверено. Бојан Димовски уште на почетокот се закни со удар од далечина кој заврши над голот, а по него шанса за гол имаше и Лирим Ќамили.  

Момент од натпреварот меѓу селекциите на Македонија и Летонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Моментот за радост за македонската селекција дојде во 57.минути кога Серафимов одлично реагираше и го постигна својот прв гол за репрезентацијата кој беше доволен да ја запишеме и четвртата победа по ред без примен гол во Лигата на нации.  

Во недела нашата репрезентација ќе ја заокружи сезоната во Лигата на нации со натпреварот против Фарски Острови кој, исто така, го играме во Скопје на арената „Тодор Проески“. 

Досега во рамките на ова натпреварување Македонија има 13 бода, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири. 

- Реклама -