Најновото откритие на Сноуден е дека Претставништвото за Комуникации на Британската Влада проактивно било насочено кон комуникациската инфраструктура која била користена од онлајн активистичката заедница попозната како Anonymous.
Тие имплементирале и дистрибуирале т.н. DDoS напади врз чет собите користени од Anonymous, а ова претставништво успеало и да имплементира малициозен софтвер со цел да ги обелодени персоналните информации и идентитетите на одредени членови на Anonymous.
Операцијата чиј таргет бил Anonymous, се нарекува “Rolling Thunder“, а и Националната Безбедносна Агенција (NSA) била запознаена со оваа операција затоа што Британските разузнавачки служби им го откриле планот и програмските интервенции кои ги оствариле врз Anonymous.
Без разлика дали се согласувате со активностите и политиката на Anonymous, или сте голем противник на нивната филозофија, факт е дека навидум демократските влади ги гледаат како големи непријатели и против нив користат најразлични тактики.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk