Има луѓе за кои не важи старото добро балканско клише дека “зимата ги изненади”. Баш обратно: тие ја изненадуваат зимата.
За време на викендот Њујорк се беше вкочанил поради масовната снежна виулица Џонас (aka Snowzilla), при што за неколку часа беа натрупани над 30 сантиметри снег.
За да избегнат тотална блокада на градот, властите превентивно воведоа забрана за движење на автомобили во Њујорк, откако гувернерот Ендрју Куомо дури предупреди дека полицијата ќе го уапси секој кој што ќе го наруши јавниот ред со својот автомобил.
Наместо да се сокрие од снегот, како и повеќето Њујорчани, YouTube корисникот Кејси Нејстат одлучи да ги освои испразнетите булевари на градот кои никогаш не беше заспале, со години.
Тој се држи единствено на јаже, врзано за задницата на џипот.
Сноубордерот минува низ центарот на легендарниот Тајмс Сквер, а десетици фанови го поздравуваат по улиците и тротоарите на градот.
Се разбира, некој ги пријавил кај полицијата, но наместо надлежните да го запрат шоуто, полицајците им велат на “прекршителите”:
“Некој се пожали од вас, па сега ајде да изглумиме дека ве караме”.
Видеото има милиони прегледи на YouTube.