Snoop Dogg го смени името

Во текот на прес-конференцијата што се одржа во понеделникот во Њујорк, раперот Snoop Dogg изјави дека по посетата на Јамајка се чувствува „преродено“ и е подготвен за новата етапа во својот живот.

Откако се вратил од Јамајка, Snoop Dogg, кој го смени името во Snoop Lion, е подготвен да прави музика која ќе може да ја слушаат и деца и дедовци. Инспирацијата која ја пронашол на малиот карипски остров го носи во нова фаза од животот, со што тој ќе се збогува со рап музиката.

По прес-конференцијата, Snoop Lion пред ограничен дел од публиката пуштил и неколку песни од новиот реге-албум насловен “Reincarnation”, вклучително и една песна што се вика “No Guns Allowed”, снимена заедно со неговата ќерка.

Веднаш по албумот ќе се појави документарен филм со истиот наслов, во кој ќе биде ставен акцент на процесот на создавање музика, а ќе се откријат и лични детали од животот на поранешниот рапер. Филмот за првпат ќе се појави во септември, на Филмскиот фестивал во Торонто. [Snoop Dogg changes name to Snoop Lion]

- Реклама -