Филмот за Ел Чапо, сигурно ќе има и доста акциони моменти по излегувањето на ГоПро видеото од апсењето на лице место.
Видеото е снимено за мексиканската телевизиска програма Primero Noticias.
Апсењето трае околу 15 минути и загинаа пет лица кои беа со Чапо (еден маринец бил раент). Владата направи видео-снимка со GoPro камера закачена на кацигата на еден од маринците кои учествувале во апсењето, а видеото е достапно на станицата на Televis. Како што и се очекуваше, Чапо, со неговата добро позната „тунел тактика“, се извлече низ отворот зад огледалото од бањата со еден од своите заменици. Пред полицијата да ги уапси, тие успеале да украдат автомобил.