Во тоа време снимкава немаше среќа да дојде до етерот, но го привлече вниманието постхумно (по смртта на Тито), и одново во последно време.
Тоа се должи делумно на контроверзните изјави на маршалот во врска со Италија и италијанската влада, но и поради тоа што Тито практично не можеше да дојде до збор од своите пудлици, кои не престануваа да лаат и покрај неговите обиди да ги смири.
Снимката е направена на 3 април 1975 година, а и самиот Тито беше свесен дека одредени делови не се погодни за во јавноста, за што сведочат и последните неколку секунди од видеото.