Научниците: „Појма немавме дека тоа го можат“
Снимка со рик на снежен леопард, направена во Сибир, прилично ги збуни научниците.
Снежните леопарди спаѓаат во најзагрозените видови диви мачки, и иако ги населуваат подрачјата од Авганистан и Индија до Непал и Кина, Пакистан, Русија и Монголија, се смета дека во дивината се останати само неколку илјади. Со самото тоа, било која снимка од снежен леопард, па и оваа од Бурјатска во Сибир, е несомнено значајна.
https://youtu.be/4YmOMk05IQk
Но тоа што ги изненади научниците е всушност рикот на овој леопард. Дури и водечките руски експерти за животни останале подзинати кога ја преслушале снимката. Досега се сметаше дека заради малку поинаквиот развој на гласните жици на снежните леопарди, овие животни не можат гласно да рикаат, и дека речиси никогаш не можете да ги чуете. Меѓутоа, овој на снимката бил решен да повика женка за парење, пишува Siberian Times.
„Многумина веруваат дека овие големи, мистериозни мачки не рикаат заради физиономијата на грлото, која се разликува од таа на лавовите, тигрите и другите леопарди. Оваа снимка докажува дека не се во право. На неа можете да видите голем мажјак како довикува женка во периодот на парење“, вели Дмитриј Медведев – претседател на организацијата за заштита на снежните леопарди во Иркутск.
Ете, првото правило на природата: Сè за женка.