Снимена е музиката која ја создава Сонцето

the-sunСонцето е инспирација за многу песни, но научниците открија дека ѕвездата во центарот на нашиот соларен систем создава и своја сопствена музика.


the-sunСонцето е инспирација за многу песни, но научниците открија дека ѕвездата во центарот на нашиот соларен систем создава и своја сопствена музика.

На астрономите од Универзитетот Шефилд за прв пат им успеа да ги снимат необичните музички хармонии кои ги произведува магнетното поле во надворешната атмосфера на Сонцето. Тие открија дека големите магнетни резонанци, кои излегуваат од надворешниот слој на сончевата атмосфера, вибрираат како жици на музички инструмент.

Со помош на сателитските фотографии на тие резонанци, кои можат да се протегаат и до 100,000 километри, научниците успеаа да репродуцираат музика претворајќи ги видливите вибрации во звук, кој потоа го забрзаа на фреквенција слушлива за човечкото уво. Како звучи музиката на Сонцето можете да слушнете тука.

- Реклама -