Ако сте обожавател на незаменливите Сникерс чоколатца, зошто да се мачите да купувате едно по едно. Направете си цела торта.Еве како:
Состојки:
За кора: 6 белки, 12 лажици шеќер, 6 лажици мелени кикирики, 1 лажица брашно, 2 лажици презла, 1 лажица зејтин
За фил 1: 250г путер, 200г шеќер во прав, 6 жолчки, 200 г мелени бисквити, 200г чоколадо за готвење, 2 кесички шлаг
За фил 2: 300г еурокрем, 400г сецкани кикирики
За прелив: 50г чоколадо за готвење, 2 лажици зејтин
Подготовка:
Кора: Сматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер, матејќи цело време. Во снегот додајте ги кикириките, брашното, презлата и зејтинот, па помешајте убаво.
Во округол калап за торта обложен со хартија за печење сипете ја смесата за кора и печете во загреана рерна на 220 степени додека не порумени. Печената кора извадете ја од калапот и оставете ја да се олади.
Фил 1: Во сад сматете ги путерот, шеќерот во прав и жолчките. Посебно стопете го чоколадото, па измешајте го со мелените бисквити, а потоа соединете ја со претходно потготвената смеса од путер. Шлагот подгответе го според упатството на кесичката и смешајте го со филот.
Фил 2: Помешајте го кремот со кикириките.
Печената кора вратете ја во калапот, преку неа нанесете го првиот фил, израменете го и нанесете го вториот фил и ставете во фрижидер да се стегне.
Стопете чоколадо на малку зејтин и со неа прелијте ја добро стегнатата торта.
Добар апетит!