Речиси 200 километри над Арктичкиот круг, се наоѓа огромна површина од снег и мраз, која изобилува со креативни конструкции и скулптури.
Снежното село се состои од 3 главни делови – Снежниот хотел: каде што би можеле да преспиете, потоа Мраз-барот кој ја има функцијата на ресторан , и диско каде пијалоците се сервираат во ледени чаши. Околу местото се позиционирани низа уметнички скулптури од мраз.
Сезоната во Снежното село во Финска вообичаено започнува во декември, по што Селото работи се додека временските услови тоа го дозволуваат.
За зимската сезона 2012-2013 снежното село било изградено по 12-ти пат, и тоа кон крајот на месец Октомври или почеток на Ноември, кога температурите се на -10 Целзиусови степени. Речиси 1,5 тони снег и 300 тони природен мраз се користат за изградба.
Снежното село нуди 30 соби за спиење, сите направени од мраз и снег. Внатрешната температура на секоја соба останува секогаш меѓу -2 и -5 Целзиусови степени, без оглед на надворешната температура.
Селото дури нуди и свадбена програма, која вклучува церемонија и прослава. Имено, двојките можат да изберат помеѓу ледена капела со мебел направен од мраз и традиционална дрвена капела. Тоа сигурно ќе биде незаборавно, но колку е романтично да го замрзнете вашиот свадбен ден …