Снег во Словенија

Словенија ја зафати студен бран кој донесе снег во август.

На местото Кредерица под Триглав што се наоѓа на надморска височина од 2 844 метри температурата се намалила на 1 степен, а тоа донело снег. Во другите делови на Словенија температурите се намалиле на околу 15 степени.

Студеното време се шири и во Хрватска, каде што е најавено заладување. На Истра веќе денеска во 11 часот биле измерени 18, а во дел од централна Далмација 31 степен.

Прочитајте и:  Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег, надлежните нема да бидат изненадени
- Реклама -