Смртта во порно индустријата- страшна, чудна, понекогаш и откачена (18+)

Порно индустријата е една од темите кои се ретки во нашите медиуми.

Причината е повеќе од јасна – кај нас таа практично недостасува во видот во кој почива во Западна Европа и особено во САД. Таа сепак има исклучително темна страна – трговија со луѓе, садизам и дури убиства.

Ви претставуваме некои од најчудните смртни случаи во “индустријата на возрасните”.

Миријам Хејли, 25 години, прекар во индустијата – Хејли Пејџ

На 19 години Миријам почнува да се снима како гол модел, за да плаќа кирија во Сан Диего. До 2007 година Хејли учествува во 313 порно видеа. Во истата година, кога веќе наполнила 25, сопругот – режисерот на филмовите за возрасни Чико Ванг, ја носи во болница без пулс. Таму наоѓаат траги од метадон во нејзината крв. Полицијата се сомнева дека Чико ја убил Мирјам, бидејќи постојат гласини дека развратниот режисер ја мачел дури и со камшик, но случајот остана нерешен. Набргу потоа самиот Ванг бил пронајден мртов, најверојатно извршил самоубиство поради предозирање со метадон и сета надеж за откривање на смртта на Миријам гасне. Смртта на „порно семејството” е поврзана со мексиканска наркобанда, но докази нема.

Ендрју Гранд, 23 години, прекар во индустријата – Дастин Мајклс

Смртта на Гранд е повеќе од страшна. Во март 2010 година тој се задушува пред очите на полицајци кои го апсат. Случката е снимена и поставена на YouTube. На видеото првично се гледа дека Гранд се противи на апсењето, но всушност по некое време полицајците сфаќаат дека тој се задушува. Но пред да направат што и да е, актерот умира. Причината – се обидел да голтне кесичка марихуана, за да ја скрие од полицајците.

Нател Кинг, 23-годишна, прекар во индустријата – Тејлор Лето

Кинг е специјалист во филмови, кои завршуваат со „смртта” на жртвата. Токму „по сценарио” го губи својот живот и самата актерка. Таа е пронајдена мртва месец, откако за последен пат била видена со фотографот Ентони Фредерик. Излегува дека Кинг требало да снима порно филмови во подрумот – во садо-мазо стил и приказната за робинка. Порно ѕвездата е пронајдена облечена во латекс облека и избодена. ДНК тестовите покажуваат дека убиецот е Фредерик, за што тој е осуден на доживотен затвор.

Стивен Кланси Хил, 34-годишен, прекар во индустријата – Стив Возачот

Хил не е познат во индустријата за возрасни до моментот во кој се разделува трагично со својот живот. Всушност тој бил отпуштен од порнопродукцијата, па за да се одмазди, се враќа на сцената со самурајски меч во рака, со тоа што убива еден од вработените на компанијата-производител. Предложена е награда од 2 илјади долари за негово апсење и по едно деноноќие на прогонство, Хил е фатен од полицијата. Актерот е пронајден на работ на провалија, како се заканува дека ќе скокне. Полицијата употребува електрошок, за да го смири, но при ударот од полначот Хил паѓа во бездна и загинува.

Каролин Ебарт, 23-години, прекар во индустријата – Секси Кора

Во јануари 2011 година германската порноѕвездата умира од срцев удар поради силиконски имплант. Таа ги оперира градите шест пати и е позната по учеството во германската верзија на Big Brother. Во градите на Кора се инјектирани 56 унци силикон, што ја зголемува големината на градите од 34F на 34G. Последиците се ужасни – два инфаркта, по кои запаѓа во вештачка кома од која никогаш не се буди. Нема осуден лекар поради пластичните операции на Ебарт.

Ева Валонија, 37-годишна, прекар во индустријата – Лоло Ферари

Ева е позната по нејзините гради кои тежат 12,4 фунти (5,6 килограми), со тоа што во нив се вметнати шест литри импланти. Французинката почина во март 2000 година, со тоа што првично се смета дека се самоубила со антидепресиви. Потоа се појавуваат сомневања дека е задушена, но обдукцијата ја потврдува првата верзија.

Шенон Вилси, 23-годишна, прекар во индустријата – Савана

Таа почина во 1994 година, со тоа што нејзината смрт е прогласена за самоубиство. Околностите сепак се чудни – пронајдена е со пиштол во рака неколку часа откако преживува необична сообраќајна несреќа во која што, и е скршен носот. Русокосата е позната како девојка на голем број на големи музичари, меѓу кои Слеш и Били Ајдол.

- Реклама -