Смешно лесен начин до подобро памтење

Потешко е да се запамети нешто што сте слушнале, од она што сте го виделе или допреле, тврдат научниците.
Во новата студија на Универзитетот во Ајова, истражувачите презентирале разни секојдневни нешта од звуци, немски снимки и вообичаени предмети. По слушањето, гледањето и допирањето (без да гледаат), волонтерите требале да ја повторат информацијата. Резултатите биле исти по еден час, еден ден или една недела- гледањето и допирањето е подобро за меморијата отколку слушањето.

Потребни се повеќе истражувања за да се види дали стимулирањето на две сетила- како аудиовизуелните презентации- може да влијае на меморијата, изјавил ко-авторот на студијата Џејмс Бигелоу. Во меѓувреме, изострите ги своите вештини со ретроспективната техника.

Следниот пат кога ќе треба да ја запаметите листата на намирници потребни да се купат, Бигелоу препорачува да се послужите со методот на локуси: прво, визуелизирајте познато место, како вашиот дом. Ментално шетајте низ собите и додајте ги предметите кои треба да ги запомните на логичните места- на пример, тоалетна хартија во бањата, сијалица во дневната соба и слично. Кога ќе стигнете во продавницата, посетете го сите соби и потсетувајте се на листата која сте ја направиле.

Но, ако ви е потребна дополнителна помош, секогаш користете ја веќе докажаната стратегија за да избегнете заборавање во купувањето- запишете ги на лист хартија, советуваат научниците.

- Реклама -