Уште во минатото се појавија гласини дека „Apple“ подготува „iWatch“, вистински мал рачен компјутер. Тогаш се раширија оние кинески блогови на кои се тврдеше дека информацијата доаѓа од извори блиски на компанијата.
Но, оваа недела „шушкањата“ станаа погласни одкако „New York Times“ објавија статија во која се тврди дека тимот на „Apple“ навистина работи на овој проект во нивното седиште во Купертин. Според најновите информации компанијата „експериментира“ со компјутер што може да се носи на рака, кој е прекриен сo стакло.
За ваков уред објави и „Wall Street Journal“ а минатата недела и поранешен вработен во „Apple“, Брус Тоганаци, напиша на својот блог дека „iWatch ќе ја потполни празнината во екосистемот на Apple“. Во јануари, „TechCrunch“ објави приказна за тоа како гласовната команда „Siri“ најдобро би функционирала на рачен часовник (што би значело дека тоа ќе е единствениот начин да се управува со него), а во септември „Verge“ шпекулираше како би било најдобро „Apple iPod Nano“ да се претвори во рачен часовник, пренесува „Huffington Post“.